Дома Фудбал Италија Aгентката на Погба првпат се огласи по скандалот со допинг-тестот

Aгентката на Погба првпат се огласи по скандалот со допинг-тестот

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба се најде во центарот на голем скандал и под знак прашалник си ја стави понатамошната кариера откако неговиот тест на допинг во натпреварот со Удинезе покажал како позитивен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Французинот сега треба да докажува дека не користел недозволени средства, а тестот бил натпревар по натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус во кој Погба влезе како резерва. Според протоколите мора да се направи и втор примерок пред да биде изречена сериозна казна.

Погба привремено е суспендиран од италијанската анти-допинг агенција и му забрани да биде дел од следните натпревари, а конечниот исход ќе се знае по целосното истражување.

Во медиумите кратко се огласи и агентката на Погба, Рафаела Пимента.

„Во исчекување сме на тестот од ториот резултат и не можеме да кажеме ништо повеќе додека не го добиеме тоа. Единствено сигурна работа е дека Пол Погба никогаш не се обидел намерно да го прекрши правилата“, изјави Пимента.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвезда заработува 15 милиони евра, но ќе ја намали платата за да се врати во Германија!?

Џејдон Санчо би можел летово да се врати во Борусија Дортмунд. Раководството на клубот нав…