
Истражувачкиот новинар Роберто Савијано, автор на книгата “Гомора” и на разни книги чија централна тема се криминални организации во Италија, изнесе тешки обвиненија против Интер.
Нераѕурите доживеаја пораз во финишот на гостувањето против Болоња во 33. коло на Серија А, а единствениот гол во четвртата минута од дополнителното време го постигна Рикардо Орсолини.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Савијано, навивач на Наполи, ја искористи можноста преку Инстаграм да „спои професија и задоволство“.
„Ова е гол против навивачите кои се најблиску до Ндрангета во земјата, против Интер, клуб кој двосмислениот однос со клановите го направил своја заштитна ознака“, 45-годишниот од Неапол не го криеше задоволството поради поразот на Интер.
Савијано алудираше на убиството на Виторио Бојиоки, познат лидер на Интеровите „ултраси“ вмешан во криминал, кој беше убиен со огнено оружје во октомври 2022 година, на 70-годишна возраст.
Неодамна, во два одвоени настана, шестмина од најстрастните навивачи на Интер беа изведени пред правдата поради сомнеж за инволвираност во убиството на Бојиоки, а еден од нив беше уапсен во Калабрија, регион од каде што потекнува Ндрангета, озогласена криминална мрежа, пренесе AFP во текст каде беше наведено дека нивната цел била да ја превземат трибината „Курва Норд“.
Гомора е име на митски град од Стариот Завет кој, заедно со Содома, го уништи Бог, а за Савијано тоа име послужило како игра на зборови за Камора, општ назив за криминалниот миље во Неапол и околината.
.