Дома Фудбал Атлетико повторно ѝ украде играч на Барса без пари, а воедно заштеди 32 милиони евра

Атлетико повторно ѝ украде играч на Барса без пари, а воедно заштеди 32 милиони евра

Фудбалските клубови Барселона и Атлетико Мадрид ја потврдија трансакцијата на Клеман Ленгле.

По истекот на позајмицата, Ленгле останува во Атлетико, но сега како постојан член на тимот на Диего Симеоне, бидејќи потпиша договор до 2028 година.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, Барселона нема да добие ниту цент за обештетување, бидејќи Атлетико Мадрид повторно одигра на хаосот во каталонскиот клуб. Знаејќи дека апсолутно никој не може да му понуди на Французинот бруто плата од 16 милиони евра, Атлетико чекаше Барса да му понуди на Лангле раскин на договорот, кој овој и го прифати.

За возврат, Ленгле се откажа од сите приходи до истекот на договорот во 2027 година, до кога Барселона за неговите плати би морала да плати дури 32 милиони евра. Практично, и без обештетување за трансферот, Барса заштеди тие пари, кои се во рамките на финансискиот фер-плеј за идните засилувања.

Лангле така стана четвртиот играч во низа кој на сличен начин премина од Барселона во Атлетико Мадрид, по Давид Виља, Луис Суарез и Мемфис Депај. Сите тие практично беа бесплатни за Атлетико, баш како сега Лангле.

Французот пристигна во Барселона летото 2017 година од Севиља за 35 милиони евра, одигра 160 натпревари и освои три трофеи. Сепак, во последните три години не беше во прв план, поради што одише на позајмици во Тотенхем, Астон Вила и Атлетико Мадрид. 

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Реал Мадрид се потсмева на Јамал поради… капата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хосе Марија Гутиерес-Гути се потсмева на Ламин Јамал, …