Атлетико Мадрид ја продолжи својата неверојатна серија. Со победата против Елче на гости во Кралскиот куп со резултат 4:0, Атлетико врза 15. победа во сите натпреварувања.
Последниот пораз Атлетико го доживеа на 27 октомври на гостувањето кај Бетис на „Бенито Виљамарин“, кога беше 1:0.
Од тогаш, тимот на Симеоне влезе во ритам кој досега не го напушта, во сите натпреварувања, Атлетико оствари 15 последователни победи, а во таа серија постигна дури 39 голови, прими само осум, а мрежата на Јан Облак остана недопрена на дури девет натпревари.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Во Атлетико веруваат дека токму ваквата одбрана носи титули, бидејќи така беше и во 2014 и 2021 година, кога Атлетико ги освои последните два трофеја во Ла Лига.
Распоредот исто така му оди во прилог на Атлетико, бидејќи во вториот дел од сезоната на својот стадион ги дочекаат Барселона, но и Атлетик Билбао, додека гостуваат кај Реал Мадрид и тоа веќе на 9 февруари.
Во Лигата на шампионите Атлетико има убава шанса во преостанатите две кола да обезбеди директен пласман во осминафиналето, бидејќи најпрво дочекуваат Баер Леверкузен, а потоа гостуваат кај слабиот Салцбург.
Четвртфиналето на Кралскиот куп е обезбедено, ривалот го добиваат во понеделник.
Атлетико е во игра во сите натпреварувања, игра онака како што најдобро знае, цврсто и сигурно, а тоа им донесе и титули во Ла Лига во 2014 и 2021 год.