Атлетико Мадрид се бори за трофеи на сите три фронта и на сите три треба да ги победи најголемите ривали – Реал Мадрид и Барселона.
Жребовите не беа наклонети за Атлетико оваа година, откако во Кралскиот куп ја добија Барселона, денес за ривал во Лигата на шампионите го добија – Реал Мадрид.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Со двомечи со најголемите ривали во Кралскиот куп и во Лигата на шампионите, Атлетико има дербиња и во првенството. Атлетико ја чека Барселона на 16-ти март, веднаш по реваншот со Реал, а пред првиот меч со градскиот ривал го чека – Атлетик Билбао.
Во превод, од крајот на февруари до почетокот на април, Атлетико ќе се сретне трипати со Барселона, двапати со Реал и со Атлетик Билбао!
Погледнете го распоредот на Атлетико од овој викенд до почетокот на април:
22 февруари: Валенсија – Атлетико
25 февруари: Барселона – Атлетико (Куп на кралот)
1 март: Атлетико – Атлетик Билбао
4 март: Реал – Атлетико (ЛШ)
9 март: Хетафе – Атлетико
11 март: Атлетико – Реал (ЛШ)
16 март: Атлетико – Барселона
30 март: Еспањол – Атлетико
2 април: Атлетико – Барселона (Куп на кралот)