
Капитенот на фудбалскиот клуб Атлетик Билбао, Оскар де Маркос, денеска објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната.
Де Маркос (35) ја соопшти својата одлука денеска на соиграчите, а како причина за нејзиното донесување наведе желба да се фокусира целосно на целите на тимот за оваа сезона, објави веб-страницата на клубот од Баскија.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Капитенот на Атлетик Билбао, на натпреварот против Еспањол во недела, се израмни со Икер Муњиан на второто место на листата на играчи со најмногу настапи за клубот од Билбао (560). Рекордер по бројот на натпревари во дресот на Атлетик Билбао е Хосе Ангел Ирибар, кој за клубот од Баскија во периодот од 1962 до 1980 година забележа 614 настапи.
Де Маркос со Атлетик Билбао, за кој дебитираше во 2009 година, го освои Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година, како и Купот на Кралот во 2024 година, додека во сезоната 2011/12 стигна до финалето на Лига Европа.
Атлетик Билбао е четврти на табелата во Ла Лига, со шест бода помалку од првопласираната Барселона, додека во Лига Европа се пласираше во осминафиналето, откако првата фаза на натпреварувањето ја заврши на второто место.