![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/retegui1-850x491.jpg)
Аталанта под водство на Џан Пјеро Гасперини ги доживува своите најславни денови во клупската историја, а воедно и заработува сериозни пари од продажба на играчи кои целосно ја добија својата фудбалска афирмација во Бергамо.
Последниот во редот на играчите кој може да ја наполнат и така добро пополнетата каса на клубот од Бергамо е Матео Ретеги. (25).
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Напаѓачот во Бергамо ја минува својата втора сезона откако пристигна од Џенова за сума од 21.000.000 евра, а висината на трансферот целосно ја оправда со постигнување на 23 голови на 33 натпревари во сите натпреварувања.
Ретеги така привлече внимание на бројни европски клубови, меѓу кои се најдоа и Манчестер јунајтед, Арсенал и Пари Сен Жермен.
Јунајтед не се прослави со претходниот фудбалер од Аталанта бидејќи Расмус Хејлунд не успеа да импресионира на Олд Трафорд, без оглед на тоа што беше платен повеќе од 70.000.000 евра.
Слична треба да биде и вредноста на Ретеги, се наведува дека членот на Серија А не размислува за продажба на репрезентативецот на Италија за помала сума од 60.000.000 евра.