Дома Фудбал Асенсио го напушта ПСЖ и се сели во Премиерлигата!?

Асенсио го напушта ПСЖ и се сели во Премиерлигата!?

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Марко Асенсио, би можел да ја продолжи својата кариера во – Англија.

Бројни извори денес пренесуваат дека Асенсио е многу заинтересиран да се приклучи на Астон Вила, откако Унај Емери лично го повикал да го убеди да се пресели на „Вила парк“. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Преговорите се уште траат, но се очекува дека Астон Вила ќе ја зголеми својата активност кога ќе се официјализира заминувањето на Џон Дуран во Ал Наср, што е во завршна фаза.

Очекувањата се дека Астон Вила ќе инкасира околу 80 милиони евра за Колумбиецот и дека ќе ги искористи за засилување. 

Се спомнуваше и Жоао Феликс, кој е незадоволен во Челси, а сега, покрај него, во плановите е и Марко Асенсио. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…