Дома Фудбал Aртета во сериозен проблем, остана без еден од најважните до крајот на годината!

Aртета во сериозен проблем, остана без еден од најважните до крајот на годината!

Фудбалерите на Арсенал играат на високо ниво оваа сезона, доминирајќи во Премиер лигата на Англија, каде што имаат совршен резултат по четири кола.

Сè одеше одлично на „Емирејтс“ до почетокот на репрезентативната пауза, но од Бразил пристигнаа лоши вести за Арсенал.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Имено, за време на собирот на бразилската репрезентација, дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалхаеш, се здоби со повреда.

Сè уште нема официјални проценки од медицинскиот тим на Арсенал за тоа колку ќе трае паузата за Габриел, но угледниот The Athletic утринава објави дека бразилецот може да биде отсутен до крајот на годината.

Ако ова навистина се исполни, тогаш ќе значи дека ќе пропушти дури 11 натпревари за Арсенал, кои имаат тежок распоред со натпревари против Тотенхем, Баерн, Челзи, Брентфорд, Астон Вила…

Габриел во моментов е можеби најдобриот дефанзивец во светот, и освен што е одличен во одбраната, претставува голема закана за противниковиот гол при прекиди.

Оваа сезона, Габриел досега играше на 17 натпревари за Арсенал, постигнувајќи два гола и додавајќи три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија го доби терминот за битката против Данска

Македонија ќе се соочи против Данска во полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот. …