
Фудбалерите на Арсенал синоќа постигнаа една од најголемите победи во Лигата на шампионите во последните дваесет години од историјата на клубот, откако со 3:0 го декласираа Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето.
Рајс двапати погоди од слободен удар во рамките на само 13 минути во второто полувреме, а шокантниот податок го сподели со јавноста тренерот на Тимот, Микел Артета, по натпреварот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
“Немаме постигнато гол од слободен удар од септември 2021 година, а вечерва против Реал Мадрид на нашиот стадион во Лигата на шампионите постигнавме два за 13 минути! Тоа е убавината на овој спорт, но мора да го изведете на највисоко ниво и против еден од најдобрите голмани во светот. Ако постои играч што може тоа да го направи, тогаш тоа е Деклан. Тоа е неверојатно”, рече Артета по натпреварот.
Артета беше воодушевен од атмосферата на стадионот пред и за време на натпреварот.
“Никогаш не сум видел ваква атмосфера на стадион. Навивачите пееја и играа уште пред натпреварот. За големите европски вечери потребни ви се големи стадиони што создаваат атмосфера и ви се потребни индивидуални магиски моменти”, истакна Шпанецот.
“Прекрасно чувство е. Толку сум среќен и горд на тимот. Имаме можност да направиме многу луѓе да се гордеат и тоа сигурно го направивме”, заклучи Артета.
Реванш дуелот во четвртфиналето меѓу Реал и Арсенал ќе се игра следната среда на стадионот Бернабеу од 21 часот, а на Кралскиот тим ќе му треба чудо за да го надомести заостатокот и да се пласира во полуфиналето.