
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека тимот може само себеси да се обвинува откако го изгубија водството од два гола и завршија со 2:2 против Вулверхемптон, a камерите по дуелот го фатија и како не може да ги задржи солзите.
Артета кажа дека се добредојдени сите критики откако Арсенал освои само еден бод во мечот против Вулверхемптон, каде што беа големи фаворити. Со ова, нивната предност пред Манчестер Сити, со одигран натпревар повеќе, се намали на само пет поени.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шпанскиот стратег подвлече дека тимот треба да ги прими сите критики и да одговори веќе во недела, 22 февруари, против Тотенхем на Тудор. „Слободно критикувајте колку сакате зошто не игравме на потребното ниво. Што и да кажат луѓето, може да е точно бидејќи ние не го направивме она што требаше“, изјави Артета.
Артета потенцираше дека треба да се прифатат сите прашања, критики и мислења и дека Вулверхемптон не треба да се потценува. „Направивме грешки во основни и едноставни нешта.“ Тој додаде дека тимот треба да се преиспита заради загубата на драгоцени бодови.
„Секако дека сме многу разочарани од резултатот и од начинот на кој мечот заврши, но треба да се обвинуваме себеси. Во второто полувреме не прикажавме стандардот потребен за победа во оваа лига“, изјави тој. „Единствениот начин да се докажеме е на теренот, во недела, кога имаме уште една голема можност. Лесно е да се каже ова тука, но треба и да го покажеме.“
Was Arteta crying? 🍼🍼#Lfc #football #Liverpool #PremierLeague #YNWA #fblifestyle pic.twitter.com/jAru81JzF3
— Sarah (@JATTSOPRANO316) February 18, 2026