
Арсенал го совлада Челси со 1:0 во полуфиналниот натпревар на англискиот Лига куп, обезбедувајќи пласман во финалето. „Топчиите“ дојдоа на „Емирејтс“ со предност од 3:2, а во oвој натпревар победата ја обезбедија со погодок на Кај Хаверц по контранапад во 97. минута. Видеото од голот погледнете го ТУКА.
Водечката екипа од Премиер лигата ќе се соочи во финалето со победникот од дуелот помеѓу Њукасл и Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола ќе го одигра возвратниот натпревар во среда на „Етихад“, со предност од 2:0 од првиот натпревар.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова ќе биде деветто финале на Лига купот за Арсенал, а досега имаат славено само двапати. Последниот пат беше во далечната 1993 година. Во 21-от век играле три финалиња и сите три ги загубиле.