Дома Фудбал Арсенал тргнува по ѕвездата на Кристал Палас

Арсенал тргнува по ѕвездата на Кристал Палас

Раководството на Арсенал воспоставило контакт со колегите од Кристал Палас за време на викендот, за да ги проучи условите за евентуален трансфер на Еберечи Езе, информира трансферниот експерт Фабрицио Романо.

Тие добиле одговор од „орлите“, а други медиуми сметаат дека од „Селхрст Парк“ нема да се согласат да се разделат со една од нивните ѕвезди за помалку од 70 милиони евра. Од Тотенхем исто така покажуваат интерес за играчот, но во моментот не се подготвени да извадат толку голема сума за англискиот репрезентативец.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во последната сезона, Еберечи Езе повторно беше меѓу највлијателните фудбалери во тимот и постигна осум голови и осум асистенции во 34 натпревари во Премиер лигата, а исто така беше со главна улога во освојувањето на Англискиот Куп, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето. Во моментот тој е проценет на околу 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Шкупи поставија ултиматум до газдата на клубот!

Поранешниот македонски првак Шкупи се наоѓа во длабока резултатска и организациска криза, …