Дома Фудбал Арсенал покажува интерес за крило на Челси

Арсенал покажува интерес за крило на Челси

Нони Мадуеке може да премине од Челси во Арсенал, според англискиот весник „Телеграф“. „Сините“ сѐ уште немаат планови да го продадат крилото, но не го сметаат за важен дел од првиот тим.

„Топџиите“ се заинтересирани за 23-годишниот офанзивен играч, но не е познато дали се подготвени да платат голема трансферна сума за него. Англискиот репрезентативец постигна 7 гола во 32 натпревари во Премиер лигата во сезоната 2024/25.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мадуеке премина во Челси од ПСВ Ајндховен во 2023 година и во изминатата сезона триумфираше во Конференциската лига со лондончаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хамес Родригез примен во болница во загрижувачка состојба

Хамес Родригез е примен и задржан во болница поради тешка дехидратација која бараше стручн…