
Арсенал официјално потврди дека Букајо Сака потпишал нов долгорочен договор со клубот. Од “Емирати” не го наведуваат времетраењето на договорот, но пред два дена англиските медиуми објавија дека истиот ќе важи до летото 2031 година. Англискиот репрезентативец ќе стане највисокоплатениот играч на “топчиите”, со неделна плата од 300,000 фунти.
Сака, кој моментално има 24 години, се приклучи на академијата на Арсенал уште во мај 2010. Тој е играчот со најмногу натпревари, голови и асистенции од сегашниот состав на лондончаните, и досега има постигнато 78 гола во скоро 300 натпревари за клубот во сите натпреварувања. Својот деби настап за првиот тим го направи во ноември 2018, кога имаше 17 години.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
“Се чувствувам неверојатно. Мислам дека ова е фантастичен момент за моето семејство и мене. Имам огромна радост што го продолжувам мојот пат во овој клуб. За мене ова беше лесен потег и едноставно се надевам дека можам да победам сè тука.
Патот што го поминав јас, како и тимот, е посебен. Верувам дека во следните неколку години ќе можеме да освојуваме трофеи и да пишуваме историја за овој клуб. Се вративме таму каде што ни е местото, се бориме за сè.
Кога ќе се сетам на крајот од мојата кариера, сакам да можам да погледнам назад и да видам дете кое почнало со седум, осум години на проба за Арсенал и потоа го изодило целиот пат, за да го освои секој можен трофеј”, изјави Сака во интервју за веб-страницата на “топчиите”.