Дома Фудбал Арсенал го прегази Кристал Палас, но скапо ја плати победата (Видео)

Арсенал го прегази Кристал Палас, но скапо ја плати победата (Видео)

Фудбалерите на Арсенал забележаа победа против Кристал Палас со резултат 5:1, но горчлив вкус остана заради повредата на Букајо Сака.

Тој во првото полувреме по една акција остана да лежи на теренот, каде му беше укажана помош по што не можеше да ја продолжи натпреварот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според зборовите на тренерот на Арсенал, Микел Артета, Сака речиси сигурно нема да биде на располагање за следните натпревари на тимот од северен Лондон, додека тежината на повредата и периодот на отсуство на Англичанецот од теренот сè уште не е точно познат.

Но, снимките што доаѓаат од престолнината на Англија покажуваат дека ситуацијата не е наивна.

Имено, Сака по натпреварот со патерици мораше да го напушти „Селхрст Парк“, што доволно зборува дека повредата на фудбалерот на Арсенал не е лесна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавена аудиоснимка: Пике се расплака на судењето во Шпанија (Видео)

Шпанските медиуми објавија аудиоснимка од судењето на славниот фудбалер Жерард Пике, кој е…