
Според извештаите, Арсенал е подготвен да го разгледа вклучувањето на Езе во потенцијална размена со Реал Мадрид, со цел да го добијат играчот што долго го посакуваат.
Доаѓаат информации дека Арсенал би бил подготвен да ја пушти својата скапа летна аквизиција во замена за еден фудбалер од Реал Мадрид, а станува збор за бразилскиот напаѓач Родриго, кој ионака нема простор во Реал покрај Винисиус и Мбапе и постојано е во сенка на споменатиот дуо.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Ова би бил необичен потег за лондонскиот клуб кој минатото лето плати околу 67,5 милиони фунти за Езе од Кристал Палас и му додели значајна улога во екипата кај Микел Артета.
С оглед на ситуацијата со Езе, Арсенал бара решение и го пронајде во Родриго. Артета фрлил око на Бразилецот и продолжува да инсистира на опцијата да го донесе. Затоа, лондонскиот клуб е заинтересиран за размена на играчи што би можела Бразилецот да го донесе на Емирејтс, а Англичанецот на Бернабеу.
Артета би бил воодушевен од доаѓањето на Родриго, бидејќи верува дека совршено би се вклопил во стилот на Премиер лигата. Затоа сакаат да ја разгледаат можноста за реализација на трансферот. Сепак, во моментов сето тоа изгледа многу малку веројатно.
Реал Мадрид внимателно го следи потегот на Арсенал. Сепак, не делуваат целосно уверени, бидејќи Англичанецот не се вклопува баш во нивните планови. Затоа повеќе би останале неутрални во врска со овој предлог, особено бидејќи и тие сакаат Родриго да остане.
Извори блиски до Арсенал се многу јасни по ова прашање: „Ако Реал Мадрид прифати, ќе ни биде драго да го потпишеме“.