
Арсенал официјално го објави доведувањето на дефанзивецот од младинската репрезентација на Англија, Џејдан Диксон, од Стоук Сити.
Фудбалерот е производ на академијата на Тотенхем. Тој дебитираше за Стоук Сити во 2024 година и одигра вкупно 55 натпревари за различни возрасни формации на „грнчарите“. Во нив, Диксон постигна еден гол и направи две асистенции.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За првиот тим на Стоук Сити, дефанзивецот има одиграно 6 натпревари.
Сегашната пазарна вредност на играчот се проценува на околу 300 илјади евра.