
Арсенал е на пат да ги изнервира своите приврзаници, бидејќи повторно ќе ги покачи цените на билетите за домашните натпревари на тимот. Според „Миррор“, зголемувањето за сезоната 2025/26 ќе биде точно 3.7%. Во исто време, фаворитот за титулата Ливерпул увери дека ќе ги задржи истите цени и за наредната кампања.
Во принцип, „топџиите“ имаат едни од највисоките цени за билетите за „Емирейтс“, а за оваа сезона ги покачија од 4-6% во споредба со претходната.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Сепак, раководството ќе понуди задржување на намалените цени за повозрасни граѓани, зголемување на попустите за младите, како и можност за поголем избор и флексибилност при сезонските билети.
Во последните два месеца, претставници на Арсенал имаа разговори на темата со седум од навивачките фракции на клубот.
Незадоволство поради високите цени на билетите за натпреварите има и од страна на навивачи на Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Инаку, Кристал Палас е единствениот клуб од Премиер лигата кој минатото лето не ги покачи цените.