Дома Фудбал Арнолд не е единствен, Реал на лето ќе му „украде“ уште една ѕвезда на Ливерпул

Арнолд не е единствен, Реал на лето ќе му „украде“ уште една ѕвезда на Ливерпул

Веќе со месеци се пишува дека Реал Мадрид сака да го доведе Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, но се чини дека тој не е единствениот играч на „Црвените“ што е на мета на „кралскиот клуб“.

Александер-Арнолд има договор со Ливерпул до крајот на оваа сезона и веќе неколкупати го одбил продолжувањето на соработката.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


На „Енфилд“ не се откажуваат од овој десен бек и се надеваат дека ќе го убедат да остане, но тој јасно порача дека својата конечна одлука ќе ја објави дури на крајот на сезоната.

Поради тоа многумина веруваат дека ќе ги напушти „Црвените“ и дека веќе сѐ договорил со Реал Мадрид.

Меѓутоа, за Ливерпул работите можат да се влошат затоа што се чини дека Александер-Арнолд не е единствениот кого „Кралевите“ се обидуваат да го донесат.

Се појави информација дека на мета на Реал Мадрид е и францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, и дека „Кралевите“ ќе се обидат и него да го доведат на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лион не губи надеж: И да биде исфрлен во понизок ранг, ќе игра во Лига Европа!?

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион соопшти денеска дека успешно го заврши постапката за финанси…