Дома Фудбал Aрбелоа без седумина против Сити: Отпадна уште еден стандарден првотимец!

Aрбелоа без седумина против Сити: Отпадна уште еден стандарден првотимец!

Реал Мадрид се соочува со големи проблеми пред натпреварите со Манчестер Сити.

Најновиот проблем е Алваро Карерас кој ќе го пропушти првиот натпревар, а неговото учество во реваншот на “Етихад” е под знак прашалник.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Иако во Мадрид се надеваа дека Карерас ќе закрепне од полесната повреда пред мечот со Сити, тој сè уште не е подготвен и ќе го пропушти средата.

Ова претставува сериозен проблем за Алваро Арбелоа, со оглед на тоа што Реал Мадрид е силно ослабен.

Веќе се надвор од игра – Килијан Ембапе, Џуд Белингем, Едер Милитао и Дани Себаљос, а неодамна се повредија и Давид Алаба, како и Родриго кој не ќе игра во текот на цела 2026. година.

Се очекува дека позицијата покрај левата аута линија ќе ја заземе штотуку опоравениот Ферлан Менди, кој беше надвор од игра со месеци поради повреда.

Менди поради хроничните проблеми оваа сезона одигра само четири натпревари во сите натпреварувања, за да дури во петокот во Виго одигра првпат 90 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлонсо постигнал вербален договор со еден гигант од Премиер лигата

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо и Ливерпул наводно постигнале усмен договор, известува мадри…