
Новиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, рече пред презентацијата на сезоната на Формула 1 во Лондон дека нема големи очекувања пред дебито.
Антонели го замени Луис Хамилтон во германскиот тим, кој ги изненади сите уште во февруари минатата година со објавата за трансферот во Ферари. Британецот во тој момент имаше договор со Мерцедес до 2025 година, но при објавата дека заминува, беше јасно дека е разочаран што не доби повеќегодишен договор.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Причината зошто Хамилтон не доби подолг договор е токму Антонели – шефот на тимот, Тото Волф, изјави дека не сакал да ја пропушти шансата да донесе дете чудо, бидејќи претходно ја остана без Макс Верстапен. Сите знаеме какви последици имаше таа одлука за Мерцедес…
„Не сум јас замена за Хамилтон, туку сум возач на Мерцедес. Дефинитивно, фактот што возам за Мерцедес претставува голема одговорност, ова е еден од најголемите тимови во Формула 1, но во исто време е голема можност за мене. Голема ми е чест, ќе се потрудам да го извлечам максимумот“, рече Антонели.