Дома Фудбал Анри и Вијера се загрижени – што ако и оваа сезона Арсенал остане без трофеј?

Анри и Вијера се загрижени – што ако и оваа сезона Арсенал остане без трофеј?

Во рок од само 13 дена, Арсенал ја испушти можноста да освои два трофеја и сега многумина го доведуваат во прашање тимот на Микел Артета.

Поранешните асови и капитени Тјери Анри и Патрик Вијера ја искажаа својата загриженост по новиот пораз и неубедливата игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ова е навистина разочарувачки. Пред неколку недели, луѓето зборуваа за четири трофеи во една сезона, а сега останаа само Премиер лигата и Лигата на шампионите. Нивото кое Арсенал го покажа против Саутемптон не беше ниту блиску до она што се очекува од тимот кој се нарекува најдобар во светот. Но, како што кажав, Арсенал мора да го освои тој еден трофеј, а тоа е Премиер лигата. Ако тоа го пропуштат, ќе биде ова уште една сезона без трофеј“, рече Анри.

Исто мислење дели и неговиот поранешен соиграч Патрик Вијера.

„Поразот од Манчестер сити во финалето на Лига купот е нешто што може да се разбере и прифати. Тие се искусен и голем тим, на твоето ниво. Но, да се загуби од Саутемптон, на ваков начин, и кога те нарекуваат најдобар тим во светот, тоа за мене е неприфатливо. Тоа е прашање кое денес мора да си го постават“, истакна Вијера.

Притисокот е огромен, а Арсенал веќе во среда гостува кај Спортинг во Лисабон во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Италија Јамал и Мусиала ќе беа во Серија “Б”, критичен е Клинсман

Поранешниот напаѓач на Интер Јурген Клинсман се приклучи кон критиките за состојбата во ко…