Дома Фудбал Англичаните откриваат зошто Шешко сега блеска – ги сменил стаклата на својот дом!

Англичаните откриваат зошто Шешко сега блеска – ги сменил стаклата на својот дом!

Бенџамин Шешко се покажа во ново светло во дресот на Манчестер Јунајтед, а медиумите од Англија откриваат интересна позадина на неговата извонредна форма. Решил да стави крај на бучавата од авионите која му го нарушувала сонот. Словенечкиот напаѓач постигна седум голови во последните осум натпревари, а исто така беше стрелец на победничкиот гол во недела против Кристал Палас, на своето прво појавување во стартната постава под водство на Мајкл Керик.

Овој 22-годишен играч презел конкретни чекори за подобрување на својата форма со поставување двојни стакла во својот дом. Шешко живее во близина на аеродромот во Манчестер, а честите движење на авиони му го нарушуваео ноќното спиење. Напаѓачот, чија вредност се проценува на 85 милиони евра, носи паметен часовник кој го следи квалитетот на спиењето и забележал дека одморот не му е на вообичаеното ниво.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Преданоста на Шешко не завршува тука. Во својот дом има теретана, сауна и специјално дизајнирано фудбалско игралиште каде што изведува дополнителни тренинзи надвор од кампот на Јунајтед. Словенечкиот репрезентативец користи и очила за виртуелна реалност кои му помагаат да ги анализира ситуациите од натпреварите за да го подобри својот увид на теренот.

Покрај сето тоа, тој соработува со ментален тренер и редовно медитира, не оставајќи ништо на случајност во својата мисија за враќање на Јунајтед на врвот на Премиер лигата.

Шешко минатата година во август пристигна во Јунајтед од Лајпциг за сума од 85 милиони евра, и потпиша договор до 2030 година. По почетните тешкотии, кога постигна два голови во првите 11 натпревари за Јунајтед, следеа критики. Меѓу критичарите беше и најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер.

“Еден играч кој треба да биде подобар за Јунајтед е Бенџамин Шешко. За него платија 80 и нешто милиони. Тоа беше голема сума, знам дека таков е пазарот, но беше премногу. Мислам дека е добар играч, но не сум сигурен дека е нешто повеќе од тоа,” рече стрелецот на 260 голови во Премиер лигата.

Навивачите исто така го критикуваа, пишувајќи на социјалните мрежи: “Изведбите на Шешко се загрижувачки. Постојано е во офсајд, слабо се позиционира во нападот, а финализацијата му е исто така лоша,” напиша еден навивач на платформата X.

“Шешко сè помалку изгледа како тотално потрошени пари и простор,” додека трет додаде: “Шешко е толку слаб, човече. Веќе сега ќе кажам – ужасен потпис.” Коментарите продолжија да се нижат, а еден корисник заклучи: “Сериозно сум загрижен за Шешко”.

Во моментов има девет голови и една асистенција во 25 натпревари за Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Родриго: Сезоната за него заврши, нема да игра и на Мундијалот!

Најцрните прогнози за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Ѕвездата на Р…