Дома Фудбал Андреј Тодороски избран за играч на колото во Србија

Андреј Тодороски избран за играч на колото во Србија

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски, кој настапува за ТСЦ Бачка Топола, доби големо признание во српската фудбалска Суперлига, откако беше прогласен за најдобар играч на колото.

Тодороски одигра извонреден натпревар во победата на неговиот тим од 3-1 против Раднички на гостински терен, при што не само што постигна еден од трите погодоци, туку и прикажа доминантна игра низ целиот меч.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова е вторпат оваа сезона 25-годишниот македонски дефанзивец да биде прогласен за најдобар во едно првенствено коло. Интересно е што првиот пат ова признание го доби додека сè уште го носеше дресот на Спартак Суботица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две лица во последен момент не се качиле во комбето со навивачи на ПАОК

Грција ја потресе веста за страшната сообраќајна несреќа во Романија, во која животот го з…