Дома Фудбал Андреј Тодороски избран за играч на колото во Србија

Андреј Тодороски избран за играч на колото во Србија

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски, кој настапува за ТСЦ Бачка Топола, доби големо признание во српската фудбалска Суперлига, откако беше прогласен за најдобар играч на колото.

Тодороски одигра извонреден натпревар во победата на неговиот тим од 3-1 против Раднички на гостински терен, при што не само што постигна еден од трите погодоци, туку и прикажа доминантна игра низ целиот меч.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ова е вторпат оваа сезона 25-годишниот македонски дефанзивец да биде прогласен за најдобар во едно првенствено коло. Интересно е што првиот пат ова признание го доби додека сè уште го носеше дресот на Спартак Суботица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…