Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа пораз од екипата на Бетис со резултат 1-2 во рамките на Ла Лига, и по дуелот стратегот на „кралевите“ Карло Анчелоти беше исклучително критичен кон својот тим.
По натпреварот, Анчелоти беше сурово искрен.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Лош натпревар. Добро започнавме, но потоа не ја одржавме истата посветеност. Ја изгубивме контролата врз натпреварот против екипа што играше подобро од нас и ја заслужи победата. Ова е тежок удар на кој треба да одговориме. Немаме кого да обвинуваме освен самите себе. Ја изгубивме топката 27 пати во првото полувреме и Бетис успеа да се врати во игра“, изјави искусниот стратег.