Aко се погледне ситуацијата во која се наоѓа тимот може да се каже дека Реал Мадрид е во одлична позиција со заостанувањето од само четири бода во однос на Барселона.
„Кралевите“ доживеаа дебакл на домашен терен, загубија неколку важни натпревари во Лигата на шампионите каде што се дури 24., последната позиција која води во баражот за место во плеј-офот.
Во една ваква ситуација, Реал Мадрид мора во последниот месец од годината да има одлични резултати. „Кралевите“ во декември ги очекуваат најмалку седум натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прво Гетафе, Атлетик Билбао и Жирона во Ла Лига, потоа Аталанта во Лигата на шампиони, Рајо повторно во Ла Лига, па настапот на Светското клупско првенство и последниот натпревар со Девиља.
Тоа занчи дека избраниците на Анчелоти ќе играат натпревари на секои три дена и тоа во момент кога многу фудбалери се надвор од теренот. Италијанскиот стратег поради повреди не може да смета на: Карвахал, Алаба, Милитао, Винисиус, Чуамени и Камвинга.
Освен тоа има и фудбалери кој неодамна се вратија, па така се уште не се во најдобра натпреварувачка форма.