Дома Фудбал Анчелоти: Сигурен сум дека Гвардиола не мисли така како што кажа

Анчелоти: Сигурен сум дека Гвардиола не мисли така како што кажа

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе играат во среда со почеток во 21 часот реванш натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.

Средбата во Мадрид ќе го даде одговорот на прашањето кој од двата гиганта ќе се најде меѓу 16 најдобри во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување, а по поразот од 2:3 во првиот натпревар, Пеп Гвардиола изјави дека смета дека неговиот тим има минимални шанси за тоа.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


„Шансите за победа на Бернабеу ни се минимални, тоа сите го знаат. Не знам точно колку изнесува во проценти, но би рекол помалку од 1 процент. Такви се, бидејќи резултатот од првиот натпревар за нас не беше добар. Пет минути пред крајот водевме 2:1, а изгубивме 2:3 па опциите ни се намалени”, изјави Гвардиола и заклучи: „Ќе се обидеме да ги искористиме шансите што ќе ги имаме и ќе видиме каде тоа ќе не одведе“.

Прес-конференција одржа и тренерот на Реал Карло Анчелоти, кој не верува дека Гвардиола ја зборува вистината.

„Да бидеме искрени, не мисли тој навистина така. Ќе го прашам пред натпреварот дали навистина мисли дека имаат само еден процент шанси за пласман. Всушност, мисли дека има поголеми шанси, што е во ред, ниту ние мислиме дека имаме 99 проценти. Сметаме дека имаме мала предност и мораме да ја искористиме. Сакаме да играме слично како во првиот натпревар“, рече италијанскиот експерт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалските надежи се реваншираа на БиХ: Победија со гол во 90. минута

Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1:0 против с…