Дома Фудбал Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото заминување од Кралскиот клуб е многу блиску. А кој знае дали тоа ќе беше случај ако Флорентино Перез решеше да му ја исполни желбата.

Италијанецот неодамна зборуваше дека неговиот тим не може да пронајде баланс. Тоа е проблем за Реал целиот сезон што покажаа и дуелите со Барселона кога Кралевите примија девет голови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По испаѓањето од Арсенал во Лигата на шампионите, во странските медиуми се појави интересна вест која се однесува на желбата на Анчелоти која Перез не му ја исполни.

Имено, кога Тони Крос одлучи да се повлече Италијанецот од првиот човек на Кралевите бараше дополнително засилување во средниот ред, свесен дека Лука Модриќ нема да може да го издржи сиот товар.

Во последните две сезони, Модриќ стана играч за специјални задачи. Со оглед на неговата возраст, тој не е во состојба да игра два натпревари во полн ритам во една недела, па Анчелоти ја балансира неговата минутажа.

Токму поради таа причина, по изненадното пензионирање на Крос, Анчелоти бараше уште еден врвен играч за средниот ред, но наводно му беше кажано од Перез дека тоа нема да се случи.

Во текот на сезоната, трофејниот тренер доста комбинираше во средниот ред со Валверде, Чуамени, Камавинга, Диаз, а во еден момент Себаљос стана клучен играч.

Себаљос после тоа се повреди, а Модриќ нема сила и свежина како порано, поради што и дојде до испаѓање од Арсенал.

Веќе сега е јасно дека ќе помине многу време пред Перез да изгради среден ред што колку-толку би можел да се мери со Каземиро, Крос и Модриќ бидејќи познатиот “бермудски триаголник” сепак е неповторлив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема да биде само Арнолд: Реал Мадрид ќе се засили со уште шест фудбалери!?

Неочекувано разочарувачката сезона на Реал Мадрид би можела да резултира со сериозни проме…