Дома Фудбал Анчелоти преговара со Бразил – познато кога би можел да го преземе!

Анчелоти преговара со Бразил – познато кога би можел да го преземе!

Карло Анчелоти, еден од најтрофејните тренери во историјата, кој го води Реал, повторно преговара со Бразилската фудбалска федерација околу преземање на таа репрезентација. Ова го објави бразилскиот медиумски гигант Глобо и додаде: „Анчелоти побара да не се дискутира за поконкретни работи во преговорите пред завршување на клупското СП, кое завршува средината на јули“.

Анчелоти е стара желба на Бразил, уште по СП 2022, кога првиот фаворит заврши прерано, испаѓајќи од Хрватска на пенали во четвртфиналето. Од тогаш безуспешно се обидува да донесе големо тренерско име, а репрезентацијата цело тоа време има лоши игри и резултати, што се гледа и во актуелните квалификации за СП. Бразилската федерација веќе преговараше со Анчелоти, но тој остана во Реал. Ова му е втор ангажман во тој клуб и почна во летото 2021. Првиот траеше од 2013 до 2015.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Анчелоти со Реал освои по две шпански првенства и купови, како и три Лиги на шампиони. Договорот му важи до летото следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул официјално го претстави талентот од Италија

Ливерпул официјално го објави трансферот на италијанскиот талент Џовани Леони, кој доаѓа о…