Дома Фудбал Анчелоти понижил фудбалер пред пенал-рулетот против Атлетико Мадрид

Анчелоти понижил фудбалер пред пенал-рулетот против Атлетико Мадрид

Реал Мадрид преку пенали стигна до победа против Атлетико и пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Резултатот беше 4:2, а победничкиот гол го постигна Антонио Рудигер, иако првично не требаше ни да шутира покрај младиот Бразилец Ендрик.

Карло Анчелоти често го обвинуваат дека нема доверба во младите играчи. Како доказ за ова тврдење се наведува неговиот став кон Арда Гулер и Ендрик, на кои им дава многу малку шанса за игра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Легендарниот Италијанец синоќа повторно направи потег кој ќе го задржи мислењето на оние што го критикуваат. Ендрик е повторно жртва.

Планот беше 18-годишниот Бразилец да шутира петтиот пенал. Сепак, Анчелоти го погледна во очи, ја виде неговата несигурност и се откажа од таквата идеја. Изведувањето на пеналот му го довери на Антонио Рудигер и не направи грешка.

„Не, не. Ти не шутираш“, беа зборовите на Карло Анчелоти кон младиот напаѓач, а потоа пред камерите ја објасни својата одлука.

„Ендрик требаше да биде последниот кој ќе шутира, но не видов премногу самодоверба во неговите очи. Кога го погледнав, решив да го изберам Рудигер“, рече Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…