Дома Фудбал Анчелоти остана без прослава откако дозна дека две ѕвезди побарале трансфери

Анчелоти остана без прослава откако дозна дека две ѕвезди побарале трансфери

Реал Мадрид синоќа успеа да го совлада Манчестер Сити и да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, но не сите славеа во соблекувалната на кралскиот клуб бидејќи се појави информација дека двајца играчи побарале трансфери на крајот од оваа сезона.

Шпанските медиуми пишуваат дека некои играчи на Реал не се задоволни од статусот кој го имаат кај Карло Анчелоти, а двајца од нив решија да реагираат и јасно да порачаат дека ќе си заминат од клубот на лето ако не се промени нешто до крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за Арда Гулер и Ендрик за кои се веруваше дека оваа сезона ќе имаат многу повеќе простор за игра, но очигледно Анчелоти имал поинаков план.

Ова е изненадување особено кога станува збор за Гулер, бидејќи тој беше одличен на крајот од претходната сезона и на Европското првенство. Играше на почетокот од сезоната, но потоа „се изгуби“ од плановите на Анчелоти во остатокот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…