Дома Фудбал Aнчелоти на ваков начин не понижил ниту еден друг: Нема ниту минута да одиграш повеќе за Реал!

Aнчелоти на ваков начин не понижил ниту еден друг: Нема ниту минута да одиграш повеќе за Реал!

Иако Карло Анчелоти оваа сезона има големи проблеми со повредите во Реал Мадрид, особено во одбраната, тој одлучи дека еден играч воопшто не му е потребен и дека за него до крајот на сезоната нема да има минутажа без разлика на сè.

Анчелоти оваа сезона е на најголемиот предизвик откако е тренер на Реал Мадрид бидејќи е навистина неверојатно колку неговиот тим има проблеми со повредите.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Тоа особено се однесува на одбранбениот ред каде веќе до крајот на сезоната остана без Дани Карвахал и Едер Милитао, а само неодамна се закрепени од повреди Давид Алаба и Антонио Рудигер.

Повредите на искусните одбранбени играчи така го истакнаа Раул Асенсио кој ја искористи својата шанса и одигра неколку одлични натпревари.

Покрај Асенсио, италијанскиот стручњак во одбраната често користи и играчи од средниот ред, а најчесто тоа се Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени и Федерико Валверде.

Камавинга исто како и минатата сезона често игра на левата бековска позиција, додека Чуамени беше во тандем со Асенсио на претходните натпревари кога беа надвор од составот Рудигер и Алаба. Што се однесува до Валверде, тој одигра неколку натпревари на десната бековска позиција.

Меѓутоа, она што е особено интересно се потезите на Анчелоти за позициите на централниот одбранбен играч и одлуката да го користи Чуамени иако има на располагање фудбалер за кого тоа е природна позиција.

Тоа е 28-годишниот Хесус Валејо за кого се очекуваше конечно да игра по сите тие повреди, но тоа не се случи.

Валејо оваа сезона има одиграно само десет минути на еден натпревар и Анчелоти пред него дури и одлучи да го користи Чуамени како централно-одбранбен играч, што за овој играч е јасен сигнал дека што побрзо треба да се бара нов клуб.

Шпанскиот весник Релево утрово пишува дека Анчелоти и неговите помошници разговарале со Валејо откако тој самиот исказал незадоволство бидејќи не играл кога сите очекуваа дека конечно ќе добие шанса да се докаже.

Но, Анчелоти му дал до знаење дека не смета на него и дека повеќе не треба да се надева дека ќе биде на теренот до крајот на сезоната бидејќи тоа нема да се случи, и дека тоа е конечна одлука на искусниот тренер.

“Можеш да бараш нов клуб и да ги пакуваш куферите затоа што не планирам да те користам до крајот на сезоната”, наводно рекол Анчелоти на овој дефанзивец.

Анчелоти смета дека Асенсио и Јакобо Рамон се повеќе вредни ризик и минутажа отколку Валејо, кој клубот сигурно ќе го ослободи веќе во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај му објави „војна“ на Мурињо – навредите нема да му ги прости!

Фудбалскиот клуб Галатасарај планира да започне кривична постапка против тренерот на Фенер…