
Селекторот на националниот тим на Бразил Карло Анчелоти не ги затвори вратите на тимот пред напаѓачот на Сантос Нејмар за светските финалиња во САД, Мексико и Канада следното лето.
“Кога е во форма, има ниво да биде во која било национална или клубска екипа на планетата”, рече Анчелоти за Нејмар на прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар со Јапонија во Токио.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
33-годишниот Нејмар не бил дел од националниот тим во последните две години, бидејќи страда од постојани повреди откако се врати во Сантос по престојот во Саудиска Арабија.
“Тимот кој ќе го избереме до март, може да биде ист како тој за Светското првенство. Сакаме да видиме како ќе се вклопат играчите, но идејата е да го формираме составот тогаш”, додаде италијанскиот експерт. Така Нејмар има време, да дојде во оптимална физичка форма до март, за да биде дел од тимот на Бразил.
“Бразилскиот национален тим сака и може да игра убав фудбал, но зависи од тоа што сметате за убава игра. Секако, играчите имаат класа и посветеност. Треба да се игра убав фудбал и со топка и без неа, што исто така е важен аспект. Важна е убавата игра, но најважното е да се победи”, категоричен е Анчелоти, кој во контролата против тимот на Република Кореја (5:0), внесе четворица напаѓачи – Винишиус, Родриго, Матеус Куња и тинејџерот Естевао.