
Карло Анчелоти влегува во златниот период на својата тренерска кариера и се чини дека нема да се врати на клупскиот фудбал наскоро. Еден од најуспешните тренери на сите времиња ќе го продолжи својот ангажман како селектор на репрезентацијата на Бразил до 2030 година.
Фудбалската федерација на Бразил му подготвува нова понуда на Анчелоти која ќе биде тешко да ја одбие. Се нуди петгодишен договор со уште подобри финансиски услови од тековните десет милиони евра годишно.
🚨 𝗝𝗨𝗦𝗧 𝗜𝗡: Carlo Ancelotti is set to renew his contract with Brazil until 2030.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) December 12, 2025
He will be the highest-paid national team coach in the world.
— @diarioas pic.twitter.com/s9w7vAlMm5
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во Бразил се уверени дека некогашниот трофеен тренер на Милан, Реал Мадрид, Баерн и Челси е вистинскиот човек за нив и сакаат да го задржат по секоја цена. Со потпишувањето на овој договор, Анчелоти би станал најплатениот селектор на светот, што покажува колкава доверба имаат во него, особено пред Светското првенство.