
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти го објави списокот на играчи на кои смета за пријателските натпревари против Сенегал и Тунис, а на него повторно не се најде името на Нејмар, кој неодамна се врати на терените во дресот на Сантос по повеќенеделна пауза поради повреда на бутиниот мускул.
Веќе неколку месеци трае сагата дали Нејмар ќе се врати во националниот тим на Бразил и ќе настапи на Светското првенство следната година, а како што минува времето, се појасно е дека поранешниот играч на Барселона и Париз Сен Жермен ќе мора да има и среќа за да се најде на списокот на Анчелоти.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Меѓу повиканите е и Винисиус Жуниор, кој беше критикуван од Анчелоти за несоодветна реакција при замената од страна на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во дуелот против Барселона.
„Имаме одлични односи со Винисиус и кога нешто се случува, го разговараме. Разговарав со Винисиус за инцидентот и реакцијата што ја предизвика. Му реков дека погрешил. Се извини и приказната беше завршена”, рече Анчелоти.
Бразил ќе ги одигра двата пријателски натпревара дома. Прво ќе го пречекаат Сенегал во сабота, 15 ноември, а потоа три дена подоцна и селекцијата на Тунис.