Дома Фудбал Анчелоти ги отстрани сите дилеми: По Бразил би водел само еден клуб до крај на кариерата

Анчелоти ги отстрани сите дилеми: По Бразил би водел само еден клуб до крај на кариерата

Еден од најдобрите тренери на својата генерација е легендарниот Карло Анчелоти кој сега даде интересно интервју за францускиот Л’Екип.

Карло Анчелоти на крајот од минатата сезона ја заврши својата епизода во главниот град на Шпанија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На местото на шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид го замени Чаби Алонсо кој дојде од Баер Леверкузен.

Легендарниот Италијанец веднаш по заминувањето од кралскиот клуб најде нова работа и ја презеде клупата на репрезентацијата на Бразил.

Анчелоти добро започна со Кариоките, и неговиот Бразил ќе учествува на Светското првенство наредната година.

Сега, 66-годишникот даде еден интересен интервју за францускиот реномиран весник – Л’Екип.

Едно од прашањата беше кој клуб би го водел по ангажманот со репрезентацијата на Бразил, а Анчелоти беше многу краток и јасен.

“Клуб? Единствениот клуб кој сум заинтересиран да го тренирам е Реал Мадрид”, рече италијанскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Баерн постави услов: Или 16 милиони евро годишно или заминува!

Ситуацијата во Минхен станува сè понапрегната. Еден од клучните играчи на Баерн јасно став…