
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, според англиските медиуми, јавно го деградирал крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, јасно давајќи му до знаење дека повеќе не смета на неговите услуги.
Во текот на тимската средба во Карингтон, Аморим му кажал на 20-годишниот играч, пред целиот тим: “Моли се да најдеш клуб што ќе те ангажира”, што го одразува целосниот прекин на нивниот однос.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Гарначо претходно го изрази своето незадоволство поради тоа што не беше во стартната постава на финалето од Лига Европа против Тотенхем, а исто така ја критикуваше и сезоната на клубот како разочарувачка.
Неговиот брат исто така преку социјалните мрежи го критикуваше начинот на кој клубот го третира Гарначо.
Откриено: БРУТАЛНА порака на Рубен Аморим до Алехандро Гарначо како го протера од Манчестер Јун. за време на тимски состанок https://t.co/Y0ZAd8zkmZ
— Mail Sport (@MailSport) May 27, 2025
Изјавата на Аморим доаѓа во време кога Манчестер планира значителна реконструкција на екипата, со поддршка од еден новиот сопственик, Сер Џим Ретклиф и компанијата Инеос.
Бидејќи Јунајтед не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите и потенцијалниот приход од 120 милиони евра, продажбата на Гарначо, за кој има проценка од околу 80 милиони евра, би можела да донесе неопходни средства.
Челси и Наполи се заинтересирани за младиот Аргентинец.
Во меѓувреме, Јунајтед веќе работи на доведување на замени – се фокусираат на Брајан Мбеумо од Брендфорд, а клубот веќе ги договара условите со Матеус Куња за кого би требало да ја активира неговата клазула од 65 милиони евра