Португалскиот стратег Рубен Аморим направи вистински подвиг откако двапати го совлада европскиот гигант Манчестер Сити, и тоа прво како тренер на Спортинг Лисабон, а синоќа и како менаџер на Манчестер Јунајтед.
Во своето прво градско дерби на клупата на „црвените ѓаволи“, Аморим извојува драматична победа, која дојде по голем пресврт во последните минути. Иако Манчестер Јунајтед поголем дел од натпреварот беше во подредена позиција, неговите фудбалери покажаа борбеност и решителност, што ги донесе до триумф.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аморим ја искористи оваа голема победа за да испрати инспиративна порака до навивачите и тимот, но исто така остана приземен, потсетувајќи на предизвиците со кои се соочуваат.
„Ова е важна победа, но треба да бидеме внимателни и да не се занесуваме. Се сеќавам на чувството од минатата недела кога загубивме дома од Нотингем Форест со 1-3. Тој пораз ќе ми биде потсетник дека секој натпревар бара целосна посветеност. Но денес, Манчестер е црвен и секогаш ќе биде,“ изјави Аморим.