Дома Фудбал Аморим искрен: Ако направам такво нешто, тоа ќе биде крајот за мене!

Аморим искрен: Ако направам такво нешто, тоа ќе биде крајот за мене!

Рубен Аморим говореше за различни теми, а направи осврт и на притисокот од медиумите за промена на формацијата.

Главниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, порача дека за него би бил „крај“ ако ја сменеше формацијата под притисок од медиумите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аморим, во натпреварот против Њукасл, за првпат се откажа од системот со тројца играчи во последната линија и странични играчи, и се одлучи за класична последна четворка со двајца дефанзивни играчи во средниот ред.

Според неговото признание, во завршницата на мечот, тој систем се претвори во практична “последна шесторка”, додека Јунајтед ја чуваше предноста и стигна до победата, втор меч сезонава без примени голови.

Иако порано впечатливо изјави дека дури ни Папата не би го натерал да го промени системот, Аморим сега истакнува дека флексибилноста во формациите отсекогаш била дел од неговиот план.

Сепак, нагласува дека промената може да се случи само во вистинскиот момент, кога тимот игра доволно добро, бидејќи инаку би изгледало како попуштање пред надворешниот притисок.

“Кога дојдов тука минатата сезона, сфатив дека можеби немам играчи за веднаш да играме добро во тој систем, но тоа беше почеток на процесот”, рече Аморим и додаде:

„Градевме идентитет. Денес е поинаков момент. Немаме голем број играчи и мораме да се прилагодиме за да разберат зошто ги менуваме работите. Тоа нема врска со притисокот од медиумите или навивачите.

Кога постојано зборувате за промена на системот, не можам да реагирам на тоа, бидејќи играчите би помислиле дека менувам поради вас, а тоа, според мое мислење, е крај за тренерот. Кога играме добро во својот систем, тогаш е вистинскиот момент за промена.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Не е лесно за семејството на Роналдо: Погледнете како предизвикаа метеж помеѓу фановите во Емиратите

Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо беше главната ѕвезда на настанот Globe S…