
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше категоричен дека „црвените ѓаволи“ сакаат да го задржат својот капитен, Бруно Фернандеш, истакнувајќи ја неговата важност за клубот и неговата висока класа.
Во последните денови се појавија сè поупорни шпекулации дека саудискиот Ал-Хилал подготвува сериозна понуда за играчот вредна околу 100 милиони евра.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Лесно е да се разбере колку е важен за нас не само поради бројките, туку и по начинот на кој игра, работите што ги има направено и постигнато во своите пет години во клубот. Тој е врвен играч, а нам ни се потребни врвни фудбалери. Тој е лидер и наш капитен, значи за тимот е навистина многу важен. Нормално е да има клубови кои сакаат играчи како Бруно или Алехандро Гарначо, но ние сакаме да ги задржиме најдобрите фудбалери, а очигледно е дека Бруно е меѓу најдобрите во светот. Затоа нашата идеја не се менува и сакаме Бруно да остане тука,“ изјави Рубен Аморим.