Дома Фудбал Aморим до Тухел: Врати го Мегваер!

Aморим до Тухел: Врати го Мегваер!

Хари Мегваер заслужува да се врати во репрезентацијата на Англија, а неговите лидерски способности можат да бидат значаен адут за националниот тим, порача менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим.

Искусниот 31-годишен стопер, кој досега има забележано 64 настапи за Англија, беше едно од позвучните имиња кое не доби повик за Европското првенство 2024 во Германија од страна на селекторот Герет Саутгејт. Англичаните на тој турнир стигнаа до финалето, но беа поразени од Шпанија со резултат 2:1.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Минатата сезона Мегваер остана без капитенската лента во Јунајтед по одлуката на тогашниот менаџер Ерик тен Хаг, но оваа сезона значително ја подигна формата и пружи неколку извонредни партии за клубот. Особено се истакна со головите во победите над Лестер во четвртата рунда на ФА купот и со Ипсвич во Премиер лигата.

Откако Герет Саутгејт се повлече од селекторската позиција по финалето на Европското првенство, неговата улога ја презеде Германецот Томас Тухел. Овој месец тој ќе го објави својот прв список, а Аморим пред натпреварот со Фулам во петтата рунда на ФА купот зборуваше за шансите на Мегваер да биде на списокот.

Дали е ова доволно, тоа зависи од селекторот. Би бил многу среќен за него, бидејќи мислам дека заслужи повик,” рече Аморим и додаде:

“Извонредно момче е, мислам дека и понатаму може да напредува, бидејќи играчот секогаш може да се подобри во многу аспекти. Но, моментно игра многу добро и се чувствува како вистински лидер кој може да помогне на репрезентацијата. Се надевам дека ќе биде во тимот за наредните натпревари“, заклучи стратегот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави дресот на Реал Мадрид за сезоната 2025/2026 – еве како ќе изгледа! (Фото)

Во Реал Мадрид од сезона во сезона ги менуваат дресовите, а изгледа дека и во сезоната 202…