Дома Фудбал Аморим дава нова шанса: Навивачите на Манчестер изненадени поради враќањето на отпишаниот играч

Аморим дава нова шанса: Навивачите на Манчестер изненадени поради враќањето на отпишаниот играч

Манчестер Јунајтед приреди големо изненадување за сите свои навивачи по потегот кој го направија околу тимот за оваа сезона во Премиерлигата.

Тимовите имаа рок до денес да ги потврдат списоците на играчите на кои сметаат за оваа сезона во Премиерлигата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Секој тим мора да има осум домашни играчи, а секој клуб може да регистрира колку што сака играчи под 21 година.

Манчестер Јунајтед потврди дека регистрирал вкупно 21 сениорски играч, а тука се и младите играчи.

Патрик Доргу, Лени Јоро и Коби Мајно се играчи кои спаѓаат под 21 година. Том Хитон, Дермот Мии, Рис Бенет, Хари Мекгваер, Лук Шо, Мејсон Маунт и Амад се седумте “домашни” играчи.

Тоа што ги изненади сите е името на еден играч кој си го најде местото меѓу регистрираните играчи.

Имено, левиот бек Тајрел Малација е дел од тимот кој е регистриран за оваа сезона во Премиерлигата, иако беше дел од играчите кои ги отпиша Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…