Американскиот тенисер Тејлор Фриц изјави денес дека ќе донира околу 82.000 долари, колку што заработи за победа во првото коло на Австралија Опен, за да помогне на луѓето погодени од пожарите во пошироката област на Лос Анџелес.
„Чувствувам дека е најмалку што можам да направам”, рече четвртиот тенисер во светот, кој е роден во Калифорнија и сè уште живее во таа сојузна држава.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Фриц, минатогодишен финалист на Ју-Ес Опен, се пласираше ноќеска во третото коло на Отвореното првенство на Австралија, откако го победи 150. тенисер на светот Чилеанецот Кристијан Гарин со 6:2, 6:1, 6:0.
Во следното коло овој 27-годишен тенисер ќе се сретне со францускиот играч Гаел Монфис.
Пожарите што ја зафатија пошироката област на Лос Анџелес однесоа најмалку 25 животи, додека десетини луѓе се исчезнати.