
Истражување на Economist открива значителен пораст на популарноста на фудбалот во САД, кој сега е трет по популарност спорт во оваа земја.
Иако фудбалот никогаш не бил меѓу најследените спортови во САД, неговата популарност постојано расте. Позначителен скок се јавува пред Светското првенство кое наредното лето ќе се одржи токму во САД, Мексико и Канада.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во прилог на ова оди и неодамнешната анкета спроведена меѓу американските граѓани, која покажува дека фудбалот достигна до трето место по популарност во Америка.
На прашањето кој спорт е најпопуларен кај нив, над 30 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е американскиот фудбал, 18 отсто дека е кошарката, додека фудбалот е на трето место со 10 отсто.
Фудбалот го надмина бејзболот, кој го фаворизираат нешто помалку од 10 отсто од населението, факт што пред неколку години беше незамислив.
Особено се издвојува порастот на популарноста на фудбалот меѓу помладите навивачи, кои сакаат да ги следат двете најсилни европски лиги (Премиер лигата и Ла Лига).
Истовремено, американскиот фудбал доминира меѓу населението во САД, но исто така тежнее кон глобално проширување.
Најпопуларни спортови во САД:
(1.) американски фудбал
(2.) кошарка
(3.) фудбал
(4.) бејзбол
(5.) хокеј
(6.) тенис
(7.) боречки вештини
(8.) голф