
Уругваецот Луис Суарез ќе мора да отслужи суспензија од шест натпревари поради несоодветното однесување на финалето од Купот на лигата против Сиетл Саундерс.
Да потсетиме, Суарез ги загуби нервите и плукна во лицето на тренерот од спротивната екипа за време на расправија и тензија на теренот. Камерите го уловија неконтролираниот испад на уругвајскиот фудбалер, што на дисциплинската комисија на турнирот и го олесни утврдувањето на фактите.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Напаѓачот на Интер Мајами ќе биде надвор од наредното издание на Купот на лигата, можеби и на идното, поради природата на нокаут системот.
Добрата вест за Суарез и Мајами е дека оваа суспензија не се однесува на МЛС лигата, што значи дека Уругваецот ќе биде на располагање на Маскерано за пресметките во најважното клупско натпреварување.
Поради недоличното однесување на дуелот со Сиетл беа казнети и други двајца играчи на Мајами – Серхио Бускетс и Томас Авилес.
Поранешниот играч на Барселона ќе биде отсутен два натпревари поради насилно однесување, додека Аргентинецот три натпревари за учество во конфликтите.
Суарез, да напомнеме, веднаш по натпреварот упати јавно извинување за своите постапки.
“Ова не е сликата која сакам да ја оставам за себе, ниту за моето семејство кое страда поради моите грешки. Исто така ова не е сликата која сакам да ја проектирам за мојот клуб, кој, исто така, не заслужува да биде под удар на нешто вакво”, изјави посрамен Суарес.