Дома Фудбал Aлвес пред неколку дена излезе од затвор, а сега доби уште една одлична вест!

Aлвес пред неколку дена излезе од затвор, а сега доби уште една одлична вест!

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес пред три дена беше ослободен од обвиненијата за силување во ноќен клуб во Барселона, за кои претходно беше осуден на четири и пол години затвор.

Алвес минатата година помина неколку недели во затвор и за ослободување плати кауција од милион евра, но сега сето тоа падна во вода.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Зад Алвес е многу тежок период, бидејќи поради сето тоа му пропадна и бракот со манекенката Џоана Санс, но таа по неколку месеци сепак одлучи да се смири со Бразилецот.

Тоа се случи пред околу една година, а денес, три дена по ослободителната пресуда за Алвес, Џоана објави дека е бремена.

Таква вест доаѓа и по нејзините три спонтани абортуси и две рунди ИВФ третмани.

“Не сакав ништо да споделувам додека не беше повеќе од очигледно, но сакав да го споделам за оние што се борат”, напиша на Инстаграм Санс.

“Од мојата 22-годишна возраст мора да се справувам со прашања како: „Кога ќе дојде бебето?“… Каков страшен општествен притисок. Никогаш немав мајчин инстинкт, таа желба да имам деца или да сакам да носам нечие бебе. Како што минуваа годините, мојата група пријателки почна да раѓа бебиња, а социјалните медиуми беа преполни со новородени”, додаде таа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан работи на големо летно засилување

Самуеле Ричи, италијанскиот репрезентативец и ѕвезда на Торино, се чини дека ќе биде првот…