Дома Фудбал Алонсо пред тежок избор: Кој е подобар – Мбапе или Роналдо?

Алонсо пред тежок избор: Кој е подобар – Мбапе или Роналдо?

Чаби Алонсо смета дека Реал Мадрид повторно е на вистинскиот пат по победата над Атлетико во Билбао.

Тој особено го пофали Килијан Мбапе, кој блеска оваа сезона, а многумина веруваат дека Французинот може да урне дури и многу рекорди на Кристијано Роналдо во Мадрид. Алонсо не избра страна меѓу нив двајцата, а потсетуваме дека беше соиграч на Роналдо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Кристијано е Кристијано, а Килијан е Килијан. Станува збор за феноменални, посебни играчи и не треба да се споредуваат. Имаме среќа што Мбапе е во нашата екипа и треба да го искористиме тоа максимално. Килијан е на пат да ја испише историјата на Реал Мадрид, како што го направи и Роналдо. Што се однесува до нивните карактери, амбиции, статистика, тие се елитни во секоја смисла”, рече Алонсо.

Французинот оваа сезона веќе постигна 25 голови во Ла Лига и Лигата на шампионите, за 20 натпревари, и ако продолжи со такво темпо, навистина би можел да постави многу рекорди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бекам го откри планот на Меси по крајот на неговата кариера

Дејвид Бекам, кој е еден од сопствениците на Интер Мајами, ја користеше вредната помош на …