
Иако Реал Мадрид добро игра во новата сезона под водство на Чаби Алонсо, медиумите во Шпанија пишуваат дека ситуацијата во соблекувалната на Кралевите воопшто не е идеална, и се појави информација што толку ги вознемирува играчите на овој тим.
Реал Мадрид, по неуспешната мината сезона, го смени тренерот, бидејќи Флорентино Перез му се заблагодари на соработката на Карло Анчелоти, а на клупата на Кралевите наместо искусниот стручњак дојде Чаби Алонсо.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шпанецот на почетокот на тренерската кариера го воодушеви фудбалскиот свет со Баер Леверкузен, со кој беше и шампион на Германија, а кога стигна понудата од Реал, знаеше дека таквата шанса не смее да ја пропушти.
Иако беше јасно дека Алонсо го чека голем предизвик и притисок во еден од најголемите клубови на светот, тој стигна во Мадрид подготвен за сè што го чека, и со сигурност дека може да ги оправда очекувањата.
Реал добро ја отвори новата сезона и е лидер во Шпанија, а за викендот прекина и црната серија во Ел Класико, бидејќи Кралевите по пет последователни порази конечно ја победија Барселона.
Иако се чини дека ситуацијата се променила и дека атмосферата е многу подобра во тимот на Реал, шпанските медиуми ги изненадија сите со информацијата дека не е сè толку прекрасно како што изгледа.
Утрово беше објавено дека извор близок до играчите на Реал откри дека тие се незадоволни со начинoт на работа на Алонсо и неговиот пристап кон тимот, и дека со Карло Анчелоти имаа многу подобар однос.
Алонсо од почетокот воведе нови правила во соблекувалната, но и на теренот. На сите играчи им стави до знаење дека мораат да бидат максимално активни и во напад и во одбрана, што посебно им сметаше на офанзивците, бидејќи кај Анчелоти имаа многу поголема слобода.
Исто така, истакнаа дека од тренер кој беше ретко активен на тренинзите и стоеше настрана, дојдоа до тренер кој им делува како еден од другите играчи, бидејќи Алонсо е максимално вклучен и во нивните вежби.
Тие не реагираа најдобро на методите на Алонсо, и иако Реал има добри резултати оваа сезона, незадоволството во соблекувалната е сè поголемо и тоа од страна на играчи кои се во ерата на Анчелоти се чувствуваа „недопирливи“.
Тоа беше видливо и на Ел Класико кога Алонсо го извади од игра Винисиус Жуниор кој беше еден од најдобрите играчи на теренот, што на Бразилецот многу му засмета.